За SYSTASIS

SYSTASIS е меѓународно научно електронско списание поттикнато од членовите на Здружението на класични филолози АНТИКА, а го уредува меѓународна редакција.

Името на списанието, SYSTASIS, во превод „состав“, потекнува од големото откритие на професор М. Д. Петрушевски, кој во 1979 година во Скопје го објави својот превод на Аристотеловото дело За поетиката (Περὶ ποητικῆς). Тој откри дека во дефиницијата за трагедијата не стои изразот κάϑαρσις παϑημάτων, „прочистување на страстите“, туку σύστασις πραγμάτων, „состав од дејства“ што предизвикуваат жал и страв – најважната характеристика на трагедијата.

Дека составот на делото од соодветни компоненти е основа за тоа да биде токму такво дело, на книжевно-теоретски и философски план покажа професор Елена Колева, во своето дело „Систаса на прагми како поетичко начело“ (Скопје, 1992), со што теоретски го потврди лингвистичкото откритие на М. Д. Петрушевски.

Списанието SYSTASIS претставува состав од прилози на класичните филолози, историчарите, археолозите, философите и сите оние што се занимаваат со цивилизациите на Стара Грција и Рим и со културното и историско наследство од овие цивилизации.

JSN Epic template designed by JoomlaShine.com