Анастас Ѓ. Таховски и „Перикле“:
Историска интерпретација и преведувачка посредуваност
Дарин Ангеловски
Институт за македонска литература
Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
https://orcid.org/0000-0003-3401-4577
Светлана Кочовска-Стевовиќ
Институт за класични студии
Филозофски факултет
Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
https://orcid.org/0000-0003-4930-5932
Апстракт
Трудот ја истражува новооткриената архивска единица „Перикле“ од класичниот филолог Анастас Ѓ. Таховски од Фондот „Блаже Конески“ при Архивот на Македонската академија на науките и уметностите, со посебен акцент на нејзината структура, на историско-интерпретативната рамка и на преведувачката постапка и посредуваност. Единицата се состои од авторски историски приказ на времето на Перикле и избор од извори, односно преводи на фрагменти од „Животописот на Перикле“ од Плутарх и од „Историјата на Пелопонеската војна“ од Тукидид.
Анализата на првиот дел покажа историска реконструкција на времето на Перикле со богат фактографски материјал, организиран во политички, економски и културни контексти според историографските конвенции својствени за образовниот хоризонт од средината на XX век. На тој начин, реконструкцијата на историската отсечка станува вовед во изборот и организацијата на изворниот материјал приложен во вториот дел.
Компаративната анализа на преводите покажа дека, при преведувањето, Таховски се служел со постоечки преводи на современи јазици како дополнително преведувачко помагало. Преводот на деловите од Плутарх се доведуваат во врска со францускиот превод на Рикар, додека кај преводот на избраните делови од „Историјата“ на Тукидид се констатира значајна зависност од хрватскиот превод на ова дело од Стјепан Телар од 1957 година. Совпаѓањата во формулациите, лексичките и синтаксичките решенија, како и пренесените преводни отстапувања, заедно со грешките, ја овозможуваат реконструкцијата на посредничките преводни слоеви како увид во преведувачките акции на Таховски.
Резултатите од истражувањето овозможија архивската единица „Перикле“ да се согледа не само како сведоштво за преведувачката дејност туку и како сведоштво за образовната идеја во која историската синтеза, изборот на изворите и нивното преведување се тесно поврзани. Според тоа, оваа архивска целина, иако останала необјавена, го отвора поширокото прашање за начините на кои античката историографија била приопштувана во македонската културно-образовна средина од средината на XX век.
Клучни зборови: Анастас Ѓ. Таховски, „Перикле“, Плутарх, Тукидид, историска интерпретација, преведувачка посредуваност, античка историографија, архивски материјал
Библиографија
Изворни текстови и преводи:
Plutarch, Life of Pericles, in Plutarch’s Lives: The Translation Called Dryden’s, corrected from the Greek and revised by A. H. Clough, vol. 1, Little, Brown, and Company, Boston, 1865, 318–371.
Plutarch, Pericles, in Lives, Volume III: Pericles and Fabius Maximus. Nicias and Crassus, with an English translation by Bernadotte Perrin, Loeb Classical Library 65, William Heinemann – Harvard University Press, London – Cambridge, MA, 1916, 1–117.
Plutarque, Périclès, in Vies des hommes illustres, traduit par Alexis Pierron, vol. 1, Charpentier, Paris, 1853, 351–403.
Plutarque, Les vies des hommes illustres, tome premier, traduites en français par Ricard, Didier, Paris, 1843, 385–431.
Thucydides, History of the Peloponnesian War. Vol. I: Books I and II, translated by Charles Forster Smith, revised edition, Loeb Classical Library 108, Harvard University Press – William Heinemann, Cambridge, MA – London, 1956.
Tukidid, Povijest Peloponeskog rata, preveo Stjepan Telar, Matica hrvatska, Zagreb, 1957.
.
Стручна литература:
Ангеловски, Д. (2020), ‘Преводна рецепција на дела од античката историографија (1945 – 2000)’, Историја LV.1, 7–19.
Ангеловски, Д. (2021), ‘Феноменот на нереципираното во преводната оставнина на дела од античката литература од Анастас Ѓ. Таховски’, Спектар XXXIX (77), 153–168.
Ивановска-Наскова, Р. и др. (2026), ‘Необјавени песни и прозни записи од Конески: Материјали од Фондот „Блаже Конески“ од Архивот на Македонската академија на науките и уметностите’, Современа филологија 9.1, 7–114.
Струве, В. В. (ред.) (1951), Хрестоматия по истории древнего мира, т. 2. Пикус, Н. Н. и Соколов, В. С. (сост.), Греция и эллинизм, Учпедгиз, Москва.
Таховски, А. (1973), ‘Плутарх: Споредбени животописи: Александар’, Историја I (13), 135–154.
Struve, V. V., Kalistov, D. P. (ur.) (1969), Stara Grčka, Veselin Masleša, Sarajevo.
Doi:
How to cite:
Ангеловски, Дарин и Кочовска-Стевовиќ, Светлана
(2026), ‘Анастас ѓ. Таховски и „Перикле“: Историска интерпретација и преведувачка посредуваност’. Systasis 44, pp. 1-75. Available at: https://www.systasis.org/images/pdfs/systasis_44_1.pdf
(Accessed: 14.11.2026)
Published:
14.11.2026
EN
MK

